ПОЧЕТОК
ЗА НАС
ЧЛЕНСТВО
ИЗВЕШТАИ
АКТИВНОСТИ
ДОКУМЕНТИ
ПУБЛИКАЦИИ
НАГРАДИ / ФОНДОВИ
ВРСКИ
КОНТАКТ
choose language
Заштита на културното наследство во природни и катастрофи предизвикани од човекот

МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ НА СИНИОТ ШТИТ
 
 
 
 

Основна цел на МНК СИН ШТИТ како специјализирана невладина организација е заштита на културното наследство во опасност (во случај на вооружен судир, природни непогоди и други ризици).
Тоа ќе се остварува преку:

Олеснување на секоја меѓународна акција за одговор на опасности или критични ситуации кои се закана за националното културно наследство, во соработка со Меѓународниот комитет на Синиот штит (ICBS);

Поттикнување на чувањето и почитувањето на културните добра, особено со промовирање на стандарди за превенција на ризиците;

Дејствување како компетентен субјект за заштита на култуното наследство во опасност;

Развивање и унапредување стратегии за заштита на културното наследство во случај на вооружен судир, природни катастрофи и други опасности;

Оспособување експерти, на национално или друго ниво, за спречување, контрола и закрепнување од катастрофи;

Соработка и координација на активностите со националните комитети за споменици и места (ICOMOS), за музеи (ICOM), за библиотеки и библиотекари (IFLA) и за архиви (ICA), како и со други домашни, странски и меѓународни организации за заштита на култуното наследство во опасност."

 
МНК СИН ШТИТ - МАКЕДОНИЈА
Институт за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
адреса:
ул.„Архимедова“ 5, Скопје, Република Македонија
телефон: (02) 3216-630, 3216-631, 3216-632